Македонецот Роберт Стојковски, живее во Колумбус, Охајо и вози камион во САД веќе 10 години.
Превозник, кој минува по 10 до 12 часа дневно во неговиот Волво по локални маршрути, во регионот меѓу сојузните држави Охајо, Индијана и Кентаки. Еден од седум милиони камионџии по патиштата во САД, кои ѝ во време на коронавирус, и рестриктивните мерки, и натаму го одржува снабдувањето со храна и лекови, за непречено функционирање на државата.
Стојковски вози од почетокот на пандемијата и е задоволен дека има многу работа за камионската индустрија. Вели дека користи заштитна маска и ракавици како заштита од вирусот, ѝ стравува да не го зарази семејството, како и сите.
Голема олеснителна околност за професионалните возачи е што нема многу сообраќај по патиштата и доставата во вакви времиња е секогаш навремена, вели Роберт Стојковски.
Дополнителен мотив да продолжи да вози му дава фактот дека камионџиите се меѓу новите хероите во време на пандемијата во САД.