Тропската бура Лора доби силина на ураган од категорија 1 во Мексиканскиот залив и се очекува да се интензивира како што ќе пристигне во потопли води, објави американскиот национален Центар за урагани.
https://www.nhc.noaa.gov/text/refresh/MIATCPAT3+shtml/251457.shtml
Центарот објави дека се очекува посилен ураган да го погоди овој дел од американското крајбрежје.
https://www.nhc.noaa.gov/text/refresh/MIATCPAT3+shtml/251152.shtml
Лора засега има максимални ветришта од 120 километри на час, но оваа тропска бура може наскоро да стане ураган од категорија 3, со ветришта од 185 километри на час.
Владините метеоролози предвидуваат Лора да пристигне во Тексас и југозападна Луизијана во среда навечер.
Од налетот на Лора засега починаа 11 лица во Хаити и Доминиканската Република. Стотина илјади жители се без струја на Порторико.
Гувернерот на Луизијана објави вонредна состојба во петокот пред налетот на Лора и тропската бура Марко, којашто се истури во Тексас во понеделникот.
Facebook Forum