Линкови за пристапност

Фејсбук блокираше профили на можни руски тролови


Гигантот од сферата на социјалните медиуми објави дека блокирал профили на Фејсбук и Инстаграм пред гласањето

Фејсбук објави дека блокира најмалку 100 профили со потенцијална поврзаност со таканаречени руски фарми на тролови кои што имале интерес да влијаат врз делумните избори во вторникот.

Гигантот од сферата на социјалните медиуми објави дека блокирал профили на Фејсбук и Инстаграм пред гласањето. Фејсбук го сторил тоа откако добил доверливи информации од полициски извори.

Истрагата покажа дека профилите најверојатно се поврзани со група позната како Интернет Истражувачка Агенција, со седиште во Санкт Петерсбург. Во февруари, федерален суд во САД покрена обвиненија против групата со обвинувања за мешање во претседателските избори во САД во 2016-та.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG