Линкови за пристапност

САД се заложија за заштита на правата на американските домородни племиња


Секретарката за внатрешни работи Деб Хааланд изјави дека „племенските заедници склучиле Спогодби за заштита на нивниот нали на живот и право на природните ресурси од културна, економска и егзистенционална важност“.

Американскиот Оддел за внатрешни работи и 16 федерални агенции се заложија за поголемо почитување на правата на домородните Американци преку владини и регулаторни мерки.

Претседателот Бајден најави одржување Самит во Белата куќа на племенските заедници. Иницијативата бара од Агенциите со различни профили да ги координираат напорите за заштита на договорите кои што биле постигнати во 1800-те, за време на истражувањето на Континентот.

Секретарката за внатрешни работи Деб Хааланд изјави дека „племенските заедници склучиле Спогодби за заштита на нивниот нали на живот и право на природните ресурси од културна, економска и егзистенционална важност“.

Меморандумот на разбирање меѓу 17-те агенции повикува на креирање дата на податоци за сите склучени Спогодби меѓу американската влада и племенските заедници, со цел да ѝ помогне на Владата да ги почитува преземените обврски.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG