Во тек се подготовките за самитот меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот колега Владимир Путин, според официјални лица од Белата куќа.
Медиумите јавуваат дека средбата треба да се одржи следниот месец за време на посетата на Трамп во Европа. Двајцата лидери можно е да се сретнат пред самитот на НАТО во Брисел на 11-12-ти јули, или по посетата на претседателот Трамп во Лондон, два дена подоцна. Портпаролот на советникот за национална безбедност Џон Болтон, изјави дека тој по средбата со колегите во Лондон и Рим, ќе ја посети Москва, околу деталите за евентуална средба Трамп-Путин.
Портпаролот на Путин Димитри Песков, потврди дека Болтон ќе ја посети Русија следната недела на дискусии за евентуалниот самит. Локацијата се` уште не е утврдена, додека некои медиуми јавија дека средбата може да се оддржи во некоја од европски престолнини, по завршувањето на самитот на НАТО, или во Виена.
Facebook Forum