Линкови за пристапност

Трајановски и Шилегов – како против загаденоста на воздухот


Загаденоста на воздухот - во фокусот пред изборите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Двајцата главни кандидати за градоначалник на Скопје се судрија за едно од клучните прашања – загаденоста на воздухот во градот

Трајановски и Шилегов, заедно со другите кандидати, ја потпишаа изјавата за почитување на „Платформата за чист воздух“ на Граѓанската иницијатива О2 коалицијата за чист воздух. Но, веќе во изјавите по ставањето потпис, двајцата ги покажаа меѓусебните разлики што завршија со жолчна расправија.

„Како градоначалник на Скопје ќе воведам итни мерки во грејната сезона кога загаденоста на воздухот е најголема, а во соработка со општините ќе изградиме мрежа за мерење. Ќе изработиме и студија за да се видат изворите на загаденост“, изјави Петре Шилегов, кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје.

Вети зголемување на градскиот буџет во делот на мерки за намалување на загадувањето, најави и итна гасификација, за да се намали греењето на фосилни горива.

Трајановски му реплицираше: „Скопје отсекогаш било загадено, јас се справувам со проблемите“.

„За мојот пријател Шилегов, ќе кажам – има една изрека, простете му, не знае што зборува. Не бил во оваа проблематика, само голи пароли, а овде има само работа“, изјави Коце Трајановски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.

Во екот на предизборието во кое една од централните теми е токму намалување на загадувањето се најавува дека догодина ќе се рестартира работата на „Југохром“, еден од најголемите загадувачи во Полошко во изминатите години.

„Сакам да напоменам дека ќе бидат задоволни еколошките здруженија и сите граѓани кои со право имаа забелешка на работењето на Југохром од еколошки причини – Југохром ќе почне да работи откако, ќе се постават филтри“, вели Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања.

Во ланскиот извештај за Македонија, Европската комисија нотираше дека се неопходни засилени напори во делот на човековата средина и подобрување на имплементацијата на планот за заштита на квалитетот на воздухот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG