Линкови за пристапност

Експерти: Усвојување строги критериуми, колку стари автобуси ќе можат да се возат по македонските патишта, и кој може да вози


Експерти за сообраќај по последната автобуска несреќа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:09 0:00

Експерти за сообраќај по последната автобуска несреќа

Јавна тајна е дека често пати се пропуштаат возила, кои не ги исполнуваат техничките услови. Се пуштаат во сообраќај од страна на станиците за технички преглед, вели експертот Јошевски.

Автобуската несреќа во Бугарија, во која, загинаа 45 патници, треба да биде причина за воспоставување на строги критериуми, какви автобуси и колку стари можат да се увезуваат од надвор, што може да се вози по македoнските патишта и кој се може да биде возач, предлагаат експерти по сообраќај.

Јавна тајна е дека често пати се пропуштаат возила, кои не ги исполнуваат техничките услови. Се пуштаат во сообраќај од страна на станиците за технички преглед, вели професорот Јошевски.

„По автобуската несреќа во Бугарија, во која загинаа 45 патници, неопходно е да се направи „ресет“ на сите институции кои имаат допирни точки со безбедноста на патниот сообраќај и кои се задолжени за контрола и опсервација на сите оние кои вршат јавен превоз во државата вели“, професорот од техничкиот факултет во Битола, Зоран Јошевски.

„Дали со некој вонреден инспекциски надзор, да се види дали одредени возила се до таа мера неупотребливи, а се пуштени во сообраќај, односно да се направи контрола. Ние мора да ресетираме и да почнеме од некоја состојба, во која јасно ќе дефинираме, кој и како ќе треба да си ги врши обврските“, професорот од техничкиот факултет во Битола, Зоран Јошевски.

Јошевски вели дека главен проблем е што се уште во Северна Македонија, на превозот на стоки и патници се гледа како на социјална категорија.

Прашањето е дали, ние, и понатаму ќе дозволиме автобуси кои се стари повеќе од 20 години, во одреден временски период репарирани и прикажани како современи туристички автобуси.
Јошевски, експерт


Дали такви автобуси ќе продолжиме да пуштаме во сообраќај“, коментира професорот од техничкиот факултет во Битола, Зоран Јошевски.

Според професорот, потребна е поголема контрола и на тоа какви автобуси и комбиња се увезуваат во земјава.

„Да поставиме цврсти критериуми, кои ќе ги опфатат превозните средства, тука, мислам на автобусите, кои ќе треба да ги исполнат за да бидат пуштени во сообраќај. Повисоки критериуми, во однос на тоа, кој, се може да биде професионален возач“, изјави професорот од техничкиот факултет во Битола, Јошевски.

Тој додава дека станува збор за комплексен проблем, кон што треба сериозно и да се пристапи.

„Јавна тајна е дека често пати се пропуштаат возила, кои не ги исполнуваат техничките услови. Се пуштаат во сообраќај од страна на станиците за технички преглед, кои од друга страна се приватни субјекти, а кои во насока да си ги задржат оние клиенти им прогледуваат низ прсти, иако согледуваат одредени пропусти“, професорот од техничкиот факултет во Битола, Зоран Јошевски.

Се предлага државата да им помогне на превозниците со доделување субвенции, за да можат да го осовременат возниот парк.

Доколку воспоставиме критериуми дека во јавниот сообраќај, не смее да се вклучуваат превозни средства постари од 15 години, тоа сигурно ќе биде удар врз превозниците и многу не ќе можат да го дозволат.
Јошевски, експерт


Но, од друга страна треба да гледаме, ако дозволиме и постари возила, еве што ни се случува. За да не биде на сметка да се уништат, државата ќе мора да најде начин како ќе балансира во тој дел, во смисла на тоа да не се затворат повеќе од половината од превозниците“, вели Јошевски.

Според МВР од 1-ви ноември 2020 година, до 22-ри ноември 2021 година, кај 358 автобуси и комбиња, кои вршат јавен превоз на патници, при вонреден технички преглед биле констатирани недостатоци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG