Линкови за пристапност

Битка за правата на фразата „Фили–спешл“


Многу бизниси изразија надеж дека ќе го зголемат профитот

Вредноста на компанијата честопати е врзана со пораката која ја пренесува до муштериите. Таков е случајот со актуелниот шампион во американскиот фудбал „Филаделфија Иглс“, кој сака да има ексклузивни права врз терминот „Фили спешл“, или во слободен превод „Специјалитет од Филаделфија“, алудирајќи на потегот од финалето против "Њу Ингланд Патриотс", што предизвика воодушевувања кај обожавателите.

Се работеше за фудбалска мајсторија за која квотербекот Ник Фолс, доби дозвола од тренерот да ја одигра акцијата. Тоа беше шифра на теренот меѓу играчите за потегот којшто ја збуни противничката одбрана - „Фили спешл“. Следеше ерупција од радост на преполниот стадион во Минеаполис.

Сега, фразата „Фили спешл“ се трансформираше како вирус низ градот со својот феномен. Слаткарниците прават колачи со тој назив. Некои, пак, ја тетовираат фразата по телата, а има и зголемена побарувачка за маици со логото Фили спешл.

Бизнисите ги тријат рацете за профит и се натпреваруваат да ги заштитат правата за користење на фразата.

Адвокатка од Филаделфија Ненси Франдсен, потврди дека поднела апликација за заштита на фразата во името на компанијата Whalehead Associates.

Таа не можеше да коментира за содржината за заштита на авторските права, но истакна дека фразата го надминува нејзиното значење само во светот на фудбалот.

„Очигледно, тој назив не` обединува како метропола. Ако се додаде атрибутот „специјален“, тогаш тоа е уникатен заштитен знак“, вели таа.

Некои од бизнисите сакаат да ги заштитат правата на фразата за вид на сендвич. Експертите коментираат дека најверојатно авторските права најверојатно ќе ги добие по судски пат тимот Иглс.

Џеј Сина е професор по маркетинг на Универзитетот Темпл. Вели дека не е прв пат, група луѓе да се заложат за заштита на авторски права по голем настан како финалето во американскиот фудбал – Супербол. Тоа има и име – се вика „nеwsjacking“ или менување на позната фразата во медиумите за потребите на бизнисот.

„Тоа е кога компанијата користи актуелен спортски жаргон за свои комерцијални потреби, особено во брендирање на маркетингот“, вели Сина.

Таков е случајот со позната фраза „Нека биде силата со тебе“ од „Војна на ѕвездите“. Една продавницата за слатки ја модифицираше истата фраза „нека биде овој вкус на сладолед со тебе“.

За случајот со „Фили спешл“ ќе бидат потребни месеци пред да се види кој го добил случајот за авторски права. Дотогаш, како што одминува времето, доаѓа следниот Супербол, и возбудата за фразата може и да ослабе.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG