Линкови за пристапност

„Ослободувањето на Скопје“ на Фестивалот во Торонто


Македонски филмски фестивал - Торонто 2017
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00

Македонски филмски фестивал - Торонто 2017

12-то издание на македонскиот филм во Торонто

Фестивалот во Торонто може да се опише како продолжување на приказната за промовирање на македонската кауза, годинава од Македонија, Австралија и од САД. Со преку 10-тина документарци, кусометражни, долгометражи филмови, акцентот годинава беше ставен на најновиот филм на Раде Шербеџија „Ослободувањето на Скопје“, кој премиерно беше прикажан во главниот вечерен термин.

Како и вообичаено на репортоарот доминираа теми кои го одбележаа и истакнаа комплексниот македонски идентитет и неговите современи предизвици. Фестивалот годинава се обиде да понуди одговори на неколку прашања – како да стасаш до вистинска љубов, како да ја искачиш највисоката планина, како да ослободиш држава, како да разрешил морална дилема на едно момче.

Камерата на Гласот на Америка ги регистираше очекувањата, впечатоците, критиката -

„Овој фестивал претставува доближување до македонската кинематографија“, вели овој посетител.

„Фестивалот на дава перспектива за теми кои биле од животот во Македонија и поранешна Југославија“, коментира оваа посетителка.

„Фестивалот е важен да постои за нас кои сме родени во Канада но се чувствуваме како Македонци, но е важен и за домашната публика да се запознае со богатата македонска кинематографија“, коментира оваа посетителка.

„Треба да ја едуцираме публиката, кои сме ние“.

Фестивалот синоќа беше затворен со „Ослободувањето на Скопје“, во режија на Раде Шербеџија, каде главниот мотив во филмот, е да се пренесат погледите и судбината на децата, со која се соочуваат низ суровите војни.

Шербеџија – умешно ја актуелизираше приказната, за темата за војните во опкружувањата, но гледана со очите на едно дете. Анализирал како едно дете гледа и успеа сето тоа да го поврзе со денешната ситуација кога илјадници деца посведочиле или сведочат за една крвава историска сцена.

Публиката во Торонто, со масовност го проследи и кусометражниот „Само жолти лалиња“, во кој режисерот Кузман Кузмановски - е во неуморна потрага по жолти лалиња да импресионира пријателка.

Елизабет Наумовски е од Бордот на директори на Филмскиот фестивал. „Ова е наш начин да го презентираме македонскиот јазик, култура, наследство, музика“.

Брилијантно е да се види културното наследство, за минатото, сегашноста, иднината. Се чекаше редица за билет повеќе. Актери, режисери, љубители на филмот во киното Карлстон. Македонскиот филмски фестивал ќе расте само ако расте бројноста на публиката вели организаторката Вирџинија Еванс, која над една деценија неуморно работи на реализирање на филмската смотра, која секоја година, традиционално се одржува во главниот град за филмот во Канада.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG