Меѓу шест и 12 торнада синоќа го погодија Тексас, кревајќи автомобили во воздухот и рушејќи згради.
Во Далас и предградијата биле повредени најмалку 13 лица, од кои најмалку двајца посериозно, соопштија властите.
Метеоролозите велат дека торнадата биле големи и екстремно опасни и дека е среќна околност што немало жртви.
Американ Ерлајнс ги откажа сите летови од аеродромот Форт Ворт се` до денеска, за да ги провери стотината авиони од можни оштетувања поради невремето.