Линкови за пристапност

Генералниот секретар на ОБСЕ побара трпение за одлуката од Брисел


Интервју Томас Гремингер ОБСЕ: Поддршка за реформскиот пат на Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:50 0:00

Интервју Томас Гремингер ОБСЕ: Поддршка за реформскиот пат на Северна Македонија

Во ексклузивно интервју за Гласот на Америка, првиот човек на ОБСЕ Томас Гремингер се осврна на поддршката кон Северна Македонија, особено во реформскиот дел на владеењето на правото.

„Го поздравувам напредокот на Северна Македонија изминатите две години во сферата на реформите во областа на владеењето на законите, јакнење на демократските институции“, изјави генералниот секретар на ОБСЕ Томас Гремингер.


За генералниот секретар, решавањето на прашањето со името и Договорот од Преспа е јасен индикатор дека кога има волја, постои и мудра меѓународна поддршка. Тоа треба да ги поттикне и другите во регионот да не се плашат да решаваат предизвици, смета тој.

Запрашан, дали Европа се наоѓа во криза, откако не обезбеди консензус за датум за преговори со ЕУ за Северна Македонија, амбасадорот Гремингер изрази разбирање разочараноста на Скопје, но упати порака:

„Се надевам дека Северна Македонија ќе го продолжи патот на реформи и ќе продолжи да верува во европската визија, и ќе го поседува неопходно трпение да почека на позитивна одлука од Брисел“, изјави Гремингер.

Северна Македонија е исправена пред предвремени избори во април, и расте евроскептицизмот во земјата. Што може ОБСЕ да стори за подобрување на политичката клима? Ген-секот, Гремингер со став.

„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Северна Македонија во имплементирање на реформите што ќе им го подобрат животот на граѓаните. Тоа значи – јакнење на владеењето на законите, на демократските институции, поддршка за безбедносните предизвиците на земјата, но и од кибернетските напади. Ќе продолжиме и натаму да ја поддржуваме Северна Македонија“, изјави Гремингер.

За дијалогот меѓу Белград и Приштина, истакна дека улогата на ОБСЕ е да го поддржува процесот, што и го прави, но нема мандат да ја замени посредничката ролја на ЕУ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG