Линкови за пристапност

Кантримен: Важно е продолжување на новата спогодба СТАРТ, за контрола на вооружувањето до 2026-та


Поранешниот виш дипломат на Стејт департментот во реакција за српската редакција смета дека тоа може да се направи со потпис од претседателите Трамп и Путин, и нема потреба од повторна ратификација во американскиот Сенат и во руската Дума

Американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше за новиот коронавирус, трката за вооружување и другите глобални прашања со рускиот претседател Владимир Путин, повторувајќи ја заложбата на САД за контрола на вооружувањето, вклучувајќи ја Русија и Кина, а со соопштение се огласи и Белата куќа: „Претседателот Трамп ја повтори заложбата на САД за ефикасна контрола на вооружувањето, која ја вклучува не само Русија, туку и Кина и очекува да продолжи заложбата за идните дискусии за да се избегне скапата трка во сферата на вооружувањето“. Колешката Катарина Радовиќ од српската редакција на Гласот на Америка побара реакција од Том Кантримен, претседавач со Бордот за контрола на вооружувањето и поранешен американски дипломат во Стејт департментот, со функција - вршител на должноста потсекретар за контрола на вооружувањето.

„Би било многу подобро за ставање крај на трката за нуклеарно вооружување отколку да се инсистира на нереална цел за нова Спогодба во која ви била вклучена и Кина“.
Том Кантримен за Гласот на Америка


„Среќен сум што претседателот сака да избегне скапа трка во вооружувањето. Очекувам и Путин да изрази подготвеност, и без поставување предуслови, да потпише продолжување на Новата спогодба СТАРТ. Тоа треба да го стори и претседателот и тоа да биде поздравено во светот, и прифатено и од демократите и од републиканците дома во САД. Тоа би било многу подобро за ставање крај на трката за нуклеарно вооружување отколку да се инсистира на нереална цел за нова Спогодба во која ви била вклучена и Кина“, изјави Кантримен за српската редакција на Гласот на Америка.

Според него, алтернативата за непродолжување на новата Спогодбата СТАРТ ќе биде нова нуклеарна трка, која ќе ја надмине затегнатоста од времето на Студената војна, и ќе биде поскапа и поризична за сите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG