Организаторите на Олимписките игри во Токио објавија дека ќе продолжат со патувањето на олимпискиот факел на 26-ти март, како што беше планирано, и покрај заканите од коронавирусот.
За да се минимизираат ризиците, извршниот директор на организаторите во Токио, Тоширо Муто, рече дека сите настани, врзани со Игрите, вклучувајќи и церемонии за добредојде на гостите ќе бидат откажани.
Тој рече дека посетителите нема да присуствуваат на главното отворање на Игрите во Фукишима и ги повика граѓаните кои се чувствуваат небезбедно да не присуствуваат на носењето на олимпискиот оган по улиците.
Јапонски и меѓународни официјални лица најавија дека нема да го одложат ниту откажат одржувањето на Олимписките игри во Токио на 24-ти јули и покрај растечката пандемија од коронавирусот.
Facebook Forum