Ние веројатно во скоро време нема да се возиме во автомобил како овој, но извор на батерија сличен на концептот на Тојота Еф-Си-Ви Плус, можно е да го напојуваат нашето следно возило.
Поттикнати од владата на Јапонија, јапонските авто-производители, заедно со американските и европските партнери, вложуваат напори кон економија базирана на водород.
„Сакаме да креираме општество што произведува, користи и се поврзува со напојување врз база на водород“, вели извршниот директор на Хонда Тахакиго Хачиго.
Повообичаениот модел на Хонда, „Кларити“ користи интегрирани честички на гориво, електричен мотор и дел за трансмисија, којшто е 30 проценти помал од оној на моделот од 2008-та.
Честичките на горивото се генератори на електричен погон коишто согоруваат водород, најраспространетиот елемент на универзумот.
Автомобилите напојувани на водород се тивки, ефикасни и не причинуваат никакво загадување.
„Кларити“ ќе се најде на продажба во Јапонија на почетокот на март, наредната година, а веднаш потоа и во Европа и САД.
Другите производители, вклучувајќи го и Нисан и Фолксваген и натаму работат на производство на возила базирани на батерија, особено за големиот кинески пазар, каде владата нуди отстапки до купувачите на електрични и хибридни возила.
„Работиме на електрично возило веќе подолго време, и определени сме да ја задржиме предноста во оваа технологија“, коментира Карлос Гнос, извршен директор на Нисан.
Неколку модели нудат одредено ниво на автономија при возењето, а Концептот Ај-Ди-Ес на марката Нисан има најсовршена технологија. Компанијата најавува дека меѓу овој период и 2020-та ќе го интензивира трендот.