Линкови за пристапност

11-ти септември 2001, хронологија на настаните


11-ти септември 2001, хронологија на настаните
11-ти септември 2001, хронологија на настаните

Како се промени животот во САД и светот засекогаш, минута по минута:

8:46 – топло септемвриско утро во Њујорк. Секојдневниот живот во големит град - разнишан.

Почеток на заговорот ставен во акција неколку часа пред тоа, кога грабнувачите на авионите со кои беа извршени нападите, минаа низ обезбедувањето во Портланд, сојузната држава Меин, на пат за Бостон, земајќи го летот 11 на компанијата Американ ерлајнс. Авионот потоа беше урнат во една од кулите близначки на Светскиот трговски центар.

9:03 – друг авион урнат во другата, јужна зграда од Светскиот трговски центар.

Нешто подоцна, во Флорида, тогашниот американски претседател Џорџ Буш е прекинат во посетата кога му беше соопштено што се случило во Њујорк.

9:37 – нов напад. Авионот со лет 77, исто така на Американ ерлајнс, се урна во зградата на Пентагон.

Во меѓувреме, во Њујорк, очајни повици за помош.

10:07 – авион со лет број 93, на компнијата Јунајтед, се урна во поле во Шенксвил, Пенсилванија. Се верува дека патниците се обиделе да го одвратат авионот, спречувајќи го да погоди друга цел.

10:28 – се урна северната зграда од Светскиот трговски центар. Делови од градот евакуирани.

Истата вечер претседателот Буш се обрати до нацијата.

„Овие акции на масовно убиство имаат за цел да ја исплашат нашата нација, да предизвикаат хаос и пораз. Но оние кои стојат зад нив, нема да успеат во тоа. Овие акции можеби можат да го разнишаат челикот, но не можат да ја урнат американската определеност“, кажа тогаш претседателот Џорџ Буш.

XS
SM
MD
LG