Официјални лица од североисточниот дел на Масачусетс отворија временска капсула стара 220 години, закопана од основачките татковци на САД, Самуел Адамс и Пол Ревиер.
Кутијата била откриена за време на реновирањето на Конгресот на сојузната држава кон крајот на минатата година.
Меѓу предметите претставени во Бостон имало документи, ковани пари и други артифакти кои од државните официјални лица беа опишани како „симболи на големата надеж“ за колонијалните Американци во време кога се бореле и се здобиле со независност од британската власт.
Во кутијата бил пронајден и шилинг од 17-от век, кој наводно го употребувале колонистите како пркос на британската власт. Некои предмети биле оштетени, но други биле зачувани во одлична состојба. На некои можеле да се видат и отпечатоци на прстите.