Линкови за пристапност

Матис и Тилерсон на иста линија за Северна Кореја


Во неколку пораки преку Твитер, претседателот му порача на Тилерсон дека „ќе сториме што треба да се стори“

Пентагон целосно го поддржува Стејт департментот во напорите за дипломатско решение со Северна Кореја, изјави првиот човек на Одделот за одбрана Џим Матис.

Тој сепак додаде дека потезите на Стејт департментот не се контрадикторни со коментарите на претседателот Трамп дека дипломатските разговори со Пјонгјанг ќе бидат „залудно потрошено време“.

Во саботата, државниот секретар Рекс Тилерсон, призна дека САД имаат директни дипломатски канали преку кои ќе се обидат да преговараат со Пјонгјанг за продолжување на тестирањата со нуклеарни и балистички проектили.

Претседателот Трамп, следниот ден, го засени својот прв дипломат, истакнувајќи дека Тилерсон си го губи времето во обид да преговара со севернокорејскиот лидер.

Во неколку пораки преку Твитер, Трамп му порача на Тилерсон дека – „ќе сториме што треба да се стори“.

И покрај коментарите на Трамп, Белата куќа објави дека претседателот на САД има доверба во шефот на американската дипломатија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG