Линкови за пристапност

Тик-Ток излегува од Хонг Конг поради рестриктивниот закон за национална безбедност од Пекинг


TikTok долги години негира дека им дозволува пристап на информациите на кинеската влада, а серверите се наоѓаат целосно надвор од Кина.

TikTok, популарната видео апликација за куси видеа најави дека излегува од пазарот во Хонг Конг како одговор на новиот закон за национална безбедност за полу-автономниот град неодамна воведен од официјален Пекинг.

Портпаролот на компанијата објави соопштение во кое го аргументираше ставањето крај на операциите во Хонг Конг поради неодамнешниот развој на настаните.

Одлуката на TikTok, се совпаѓа со останатите американски технолошки гиганти Фејсбук, Гугл и Твитер кои објавија дека ги суспендираат барањата од централната влада во Пекинг за користење на нивните информации во Хонг Конг, откако беше усвоен новиот закон. Овие американски компании беа блокирани во Кина поради таканаречениот Great Firewall на автократската влада, но оперираа слободно во полу-автономниот Хонг Конг.

TikTok е сопственост ѝ го одржува фирмата ByteDance, со седиште во Кина.

ByteDance е сопственик на слична апликација наречена Douyin, која е достапна во Кина, каде што TikTok не функционира на мобилните телефони.

TikTok долги години негира дека им дозволува пристап на информациите на кинеската влада, а серверите се наоѓаат целосно надвор од Кина.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео најави дека САД разгледуваат да ја забранат TikTok и други кинески апликации на социјалните медиуми поради загриженост за кршење на правата на приватност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG