Линкови за пристапност

30 години од масакрот на Плоштадот Тјенанмен; За САД, студентите, херои на кинескиот народ


Комунистичка партија на Кина се обидува на секаков начин да ги избрише сеќавањата за настаните од колективната меморија.

Безбедноста е зајакната околу Плоштадот Тјенанмен во време кога Кина се обидува да замолчи секаков вид на одбележување на насилното згаснување на студентските протести пред точно 30 години. Точната бројка на загинатите, и денес е непозната.

Посетители се подложени на стриктни проверки од безбедносните сили на Кина во време кога пристигнуваат на плоштадот Тјенанмен за да присуствуваат на утринската церемонија на кревање на националното знаме. На странски новинари им е забрането да присуствуваат на Плоштадот и да фотографираат.

Стотици, можеби ѝ илјадници луѓе беа убиени кога кинески војници со тенкови влегоа и го згаснаа протестот на Плоштадот Тјенанмен на 4-ти јуни, 1989-та, со што беше ставен крај на двомесечните студентски демонстрации за демократски промени и ставање крај на корупцијата.

Комунистичка партија на Кина се обидува на секаков начин да ги избрише сеќавањата за настаните од колективната меморија. Владата во Пекинг забранува јавно одбележување и организирање меморијални настани, врши строга цензура на настани, текстови, коментари, фотографии за 4-ти јуни 1989-та на Интернет, и приведува активисти, адвокати и новинари секоја година како што наближува датумот.

Синоќа преку соопштение, САД ги поздравија студентите како херои на кинескиот народ.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во соопштение објави дека стотици, или неколку илјади лица кои што беа убиени од војници и прегазени со тенкови за време на протестите на 4-ти јуни, 1989-та, служеле како „инспирација за идните генерации коишто повикаа за слобода и демократија ширум светот, почнувајќи со Падот на Берлинскиот ѕид и крајот на комунизмот во Источна Европа и во месеците коишто следеа“.

Првиот американски дипломат рече дека “настаните пред 30 години се уште се дел нашата совест“. Го повика Пекинг, да го објави бројот на убиени или исчезнати лица од Плоштадот Тјенанмен пред три децении за да можат семејствата на жртвите да го затворат мрачното поглавје од историјата“. Според него, прв чекор би бил демонстрирање спремност од Комунистичката партија во Пекинг да ги почитува основните човекови права и слободи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG