Американскиот носач на авиони Теодор Рузвелт е повторно е во спремен за мисии и функционален, за прв пат по два месеци откако пандемијата со коронавирусот зарази повеќе од 1100 морнари.
Американската морнарица соопшти дека бродот влегол во водите на филипинското море „за да изврши вежби на летови како дел од мисијата Carrier Air Wing (CVW) 11“.
Носачот на авиони беше прикотвен во Гуам на 27 ми март поради појава на коронавирусот. Речиси сите 5000 морнари беа тестирани за Ковид-19 следните недели.
Еден морнар почина од вирусот на 13-ти април, а девет други се хоспитализирани. Морнарицата соопшти дека повеќето од околу 1400 членови на екипажот биле без претходни симптоми.
Повеќе од 1500 морнари и натаму се во Воздушната база Гуам, вклучувајќи и 700 кои беа тестирани позитивни од почетокот на пандемијата.
Овој носач на авиони и натаму е предмет на истрага за начинот на справување со вирусот.
Поранешниот вршител на должноста секретар на американската морнарица Томас Модли, кој го смени капетанот на Теодор Рузвелт, поднесе оставка, откако јавно беше објавена аудио снимка во која го нарекува капетанот Бред Крозиер за „премногу наивен или глуп затоа што испратил писмо со загриженост за најмалку 20 морнари“.
Facebook Forum