Линкови за пристапност

Анти-имигрантско расположение ширум ЕУ


Антимигрантското расположение во Европа - закана за иднината на ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:23 0:00

Антимигрантското расположение во Европа - закана за иднината на ЕУ

Мигрантскиот бран и заканите од Исламската држава само ги поткопува темелите на унитарноста на ЕУ

Во Фондацијата Херитиџ во Вашингтон беше одржана дебата за се` поголемиот замав на политичка фрагментација во Европа и зголемувањето на влијанието на националистичките партии во ЕУ. Мигрантскиот бран и регрутирањето борци на Исламската држава само дополнително ги поткопува темелите на унитарноста на ЕУ.

Една третина од пратениците во Европскиот Парламент се од левичарски или десничарски партии од земјитеж-членки.

Тој тренд продолжува по Брегзит и напливот на мигранти само го зацврстува расположението дека потребна е поголема контрола на надворешните граници на ЕУ, нагласија аналитичари во Вашингтон за најновите предизвици на Европа.

Даниел Кочис е експерт за европски прашања во Фондацијата Херитиџ. За предизвиците, со кои се соочуваат европските влади со интегрирањето мигранти, Кочис потенцира дека најголем проблем е товарот врз даночните обврзници. Подвлекува, Германија лани потрошила речиси 6 милијарди долари за хуманитарна помош и засолништа за бегалци.

За предизвиците од методите на Исламската држава што ги спроведува во западните држави, вели:

„Радикализација. Не само радикализација туку опасноста од мигранти кои се инфилтрирани со бранот бегалци имаа цел напади во европските престолнини, но и таканаречени случаи на радикални лица од Сирија кои комуницираат со шифрирани апликации на мобилни телефони со потенцијални напаѓачи за планирање и координирање на напади во Европа“, коментира Кочис.

Мариам Тупи, од Институтот КАТО не исклучува дека влада со отворена анти-мигрантска политика наскоро може да се најде на чело на било која членка на ЕУ.

„Постои перцепција меѓу Европејците дека надворешните граници на ЕУ се порозни. Мигрантите успеваат да влезат во ЕУ без соодветни безбедносни проверки. Како последица на тоа, довербата во европските институции и натаму слабее“, вели Тупи.

Иан Мареј, потпретседател за глобална компетитивност при Институтот Ентерпрејс, за влијанието од бранот бегалци и последните напади во европски престолнини од лица регрутирани од Исламската држава, може да значат промени на претстојните избори во Франција и во Германија.

„Генерално, има големо анти-имигрантско расположение ширум Европа. Таков тренд немаше пред неколку години. Работите се променети. Ќе биде тешко, неколку лидери во Европа да бидат реизбрани“, коментира Мареј.

XS
SM
MD
LG