Линкови за пристапност

Тексашанецот Рон Пол во нов обид за влез во Белата куќа


Тексашанецот Рон Пол во нов обид за влез во Белата куќа
Тексашанецот Рон Пол во нов обид за влез во Белата куќа

Трета среќа за либералниот политичар

Во американската политика тексашкиот конгресмен Рон Пол објави дека ќе учествува во трката за претседател следната година и тоа ќе биде негов трет обид за влез во Белата куќа од 1988-ма.

Експертите на Пол му даваат мала шанса да обезбеди претседателска номинација од редовите на Републиканците, но неговите либерални ставови за надворешната и домашната политика би требало да ја подгреат трката.

Рон Пол има мала, но лојална база на поддржувачи од пред четири години и ги очекува нивните гласови во трката во 2012-та.

Пол се дистаницира од многу Републиканци за бројни надворешни и домашни теми, особено го истакнува неговото противење за војните во Авганистан и во Ирак.

Пол за програма „Добро утро Америка“ на Еј-Би-Си рече дека додека ја поддржува акцијата на командосите во која го убија лидерот на Ал-Каида Осама бин Ладен, тој останува жесток критичар на војната против тероризмот:

„Извршивме инвазија врз Ирак. Тоа не` чинеше еден трилион долари. Загубивме 5000 американски животи. Убивме многу недолжни луѓе и целиот процес е лош“, коментира Пол.

75-годишниот Пол за прв пат учествуваше во трката за претседател како кандидат на Либералната партија во 1988-ма. За прв пат беше избран за конгресмен од Тексас во 1976-та.

Тој е последниот меѓу кандидатите во републиканскиот претседателски табор. Поранешниот спикер од Претставничкиот дом Њут Гингрич исто така формално влезе во трката за претседател и неколку други кандидати се очекува да го сторат тоа наскоро.

Меѓу нив е и поранешниот гувернер Мит Ромни, кој учествуваше во трката за претседател на САД во 2008-ма и од некои Републиканци се смета за најсериозен кандидат во 2012-та.

Но, Ромни се наиде на удар од конзервативните критичари за планот за реформи за здравствената заштита, зад кој го стави потписот и стана закон во Масачусетс, и кој стана модел за законот за здравствена заштита на претседателот Барак Обама кој беше усвоен во Конгресот минатата година.

Карл Роув, политички советник на поранешниот претседател Џорџ Буш, за програмата Тудеј на Ен-Би-Си, рече дека засега републиканските гласачи не се воодушевени од потенцијалните кандидати меѓу Републиканците и оти пред нив се наоѓаа многу работа за добивање на довербата пред почетокот на следната година:

„Ако ги погледнете анкетите, ќе забележите дека нема кандидат кој предничи, и засега е нејасно кој би може да биде на чело на трката за претседател. Значи, пред кандидатите има многу работа - од денес во следните месеци или до почетокот на февруари кога треба се одржи првиот кокус во Ајова, потоа следуваат Њу Хемшир и Јужна Каролина“, коментира Роув.

Во време кога се` повеќе Републиканци се вклучуваат во претседателската трка, анкетите сугерираат дека шансите на претседателот Обама се подобруваат.

На претседателот му се зголеми популарноста по убиството врз Осама бин Ладен и се` повеќе гласачи гледаат на Обама како на поодлучен лидер.

Сепак, повеќето аналитичари велат дека судбината на претседателот Обама е тесно поврзана со состојбата со домашната екомија.

Мат Далек е политички експерт при Универзитетот на Калифорнија:

„Економијата, цената на бензините, недостатокот од доверба во подобрување на економијата, пред ноември 2012-та ќе доминираат пред војната против тероризмот“, вели тој.

Последните истражувања на јавното мислење покажуваат дека Американците остануваат скептични за состојбата со економијата, и во следните месеци се очекува претседателот Обама да се обиде да го смени таквото расположение.

XS
SM
MD
LG