Линкови за пристапност

После петнаесет години затвор, Германија депортираше осуденик за нападите од 11 септември

Мунир ал-Мотасадеку, еден од осудениците за соучесништво во нападите на 11 септември, 2001 година во САД, е депортиран од Германија во Мароко. Германските власти ја потврдија неговата депортација, а којашто следи откако тој отслужи 15 години затвор.

Тој е пуштен од затворот во Германија, каде ја служеше казната, но под условен да се согласи дека ќе биде депортиран во неговата матична држава. Депортацијата е изведена под силна полициска придружба.

Ал-Мотасадеку беше првиот осуденик за поврзаност со нападите на 11 септември, а во кој загинаа речиси 3.000 луѓе. Осудениот негираше каква било инволвираност во нападите, но призна дека бил пријател со тие што го извршија терористичкиот акт.

This item is part of
XS
SM
MD
LG