Постои опасност дека се украдени податоците од преку 40 милиони кредитни картички употребени во продавниците Таргет на почетокот на фрекфентната потрошувачка сезона за празниците во САД, сооопшти истоимената корпорација, која управува со ланецот на стоковни куќи.
Во ризик се потрошувачите кои ги употребиле картичките од 27-ми ноември до 15-ти декември во продавниците на Таргет во САД, но не и преку Интернет.
Афектираните денови се дел од сезоната на празници, од Денот на благодарноста (се одбележува последниот четврток во ноември) до Новата година, кога американските потрошувачи се особено активни, купувајќи подароци. Компромитираните податоци вклучуваат имиња на сопствениците на картичките и сите броеви на нив неопходни за трансакција.
Корпорацијата со седиште во Минеаполис, сојузната држава Минесота, ги повика потрошувачите да ги проверат трансакциите направени во наведениот период и секоја евентуална неправилност, како и сомневање дека им е украден идентитетот, да го пријават на кредитните компании и властите. Таргет воспостави и специјална телефонска линија за потрошувачите во врска со случајот.
Според портпарол на корпорацијата, откако на 15-ти декември бил утврден неовластен упад во трансакциите, веднаш биле известени властите и кредитните компании, започнала истрага и сега е повторно безбедно да се купува во стоковните куќи.
Таргет има вкупно 1,797 продавници во САД.