Линкови за пристапност

Мекејн бара воздушни напади во Сирија


Влијателниот републикански сенатор смета дека тоа ќе им помогне и на цивилите, и на опозиционите сили.

Сенаторот од Аризона Џон Мекејн вчера побара САД да извршат воздушни напади против владините сили во Сирија за да ги заштитат населените области и да им помогнат на противниците на сирискиот режим да создадат засолништа.

Во обраќањето во Сенатот, влијателниот републиканец изврши притисок за странска воена интервенција врз Сирија, тврдејќи дека засолништата би помогнале Слободната сириска армија и другите вооружени групи да се обучат и организираат, а би овозможиле и непречена достава на хуманитарна и армиска помош.

Мекејн кажа дека САД имаат јасен национален интерес да го спречат насилството во Сирија и да го принудат претседателот Башар Ал-Асад да слезе од власта. Сирија е во општа состојба на воен конфликт и Асад треба да знае дека нема да победи, рече сенаторот.

Минатиот месец, портпаролот на Белата куќа Џеј Карни кажа дека владата на претседателот Обама и натаму поддржува политичко решение на кризата, но додаде дека континуираните напади врз сирискиот народ се грозоморни и непростливи и дека како поминува времето, налагаат САД повторно да размислат за својот став.

Ова не е прв пат Мекејн да повика на странска интервенција во Сирија. Минатиот месец, тој ја поддржа идејата за снабдување на сириските опозицини сили со оружје и друга помош, велејќи дека луѓето врз кои се врши масакар заслужуваат да бидат во можност да се одбранат.

XS
SM
MD
LG