Линкови за пристапност

Продолжен карантинот во Сиднеј поради новиот бран на коронавирус


Најмалку 11 лица починаа од новиот бран коронавирус, вклучувајќи и една 90-годишна жена.

Пет милиони жители од Сиднеј, Австралија ќе останат под стриктни прописи за карантин уште четири недели во време кога бројката на нови заразени од Ковид-19 продолжува да расте.

Проширувањето на мерките во најголемиот град во Австралија беше објавено синоќа, кога властите во Јужен Велс јавија за 177 нови заразени случаи во последните 24 часа, пораст од претходните 172 случаи во вторникот.

„Фрустриран сум дека не сме во можност да ги намали случаите на нови инфицирани, но тоа е реалноста“, изјави премиерот на Јужен Велс Гледис Берејикиан.

Најмалку 11 лица починаа од новиот бран коронавирус, вклучувајќи и една 90-годишна жена.

Австралија претежно беше успешна во справување со пандемијата по ригорозните мерки, и имаа само 33.473 случаи и 921 починати, според Истражувачкиот центар на Џонс Хопкинс.

https://coronavirus.jhu.edu/region/australia

Но, со оглед на забавеност на кампањата за вакцинирање, се зголемува и бројката на нови случаи. Само 13% се целосно вакцинирани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG