Линкови за пристапност

Анкета: Американците се согласни дека дезинформации се проблем


95% од испитаните Американци ги идентификуваа дезинформации како проблем кога се обидуваат да стасаат до важна информација.

Речиси сите Американци се согласни дека наглото ширење на дезинформации е проблем, објави Асошиејтед Прес.

Повеќе сметаат дека компаниите со социјални медиуми, и луѓето кои ги користат, треба да сносат голем дел од одговорноста за ситуацијата. Но, малкумина се загрижени и критични дека самите можеби се одговорни за таквите трендови, според истражувањето на Институтот Персон и Центарот за истражување на јавните прашања при АП.

95% од испитаните Американци ги идентификуваа дезинформации како проблем кога се обидуваат да стасаат до важна информација.

Околу половина анкетирани, голем дел од одговорноста вперуваат во американската Влада, околу две-третини ги наведуваат корисниците на социјални медиуми и технолошките компании. Но, само двајца од десет Американци велат дека се загрижени дека лично придонесуваат за ширење на лажни информации.

Шест на 10 испитаници рекле дека барем се загрижени дека нивни пријатели и членовите од семејствата се дел од проблемот со дезинформациите.

Истражувањето покажа дека 61% од републиканците велат дека американската влада има голема одговорност за ширење на дезинформациите, споредено со само 38% меѓу демократите.

XS
SM
MD
LG