Линкови за пристапност

Анкета во САД: граѓанските слободи наспроти страв од тероризам


Ново истражување на јавното мислење сугерира дека Американците имаат зголемена загриженост за тероризмот, но се поделени за одрекнувањето од граѓанските слободи за сметка на безбедноста

Новото истражување кое го спроведе Асошиејтед Прес и Центарот за истражување на јавните работи покажа дека 54 проценти Американци веруваат дека понекогаш е неопходно владата да ги жртвува индивидуалните слободи во борбата против тероризмот. 45% не се согласуваат со ваквото расположение.

Конкретно, 56 проценти од испитаниците велат дека поддржуваат владино надгледување на активностите на Интернет и комуникациите без судски налог, дури и ако значи шпионирање на американските државјани. Само 28% велат дека се противат на шпионирање.

Но, републиканците, според истражување се позагрижени за заканите од исламскиот тероризам, отколку демократите. 66% од републиканците велат дека се некој начин се загрижени за исламскиот тероризам, споредено со 47 отсто меѓу демократите.

XS
SM
MD
LG