Линкови за пристапност

Врховниот суд на САД ќе ги слушне аргументите за случајот „Ро против Вејд“


Мисисипи бара повторно воведување закон со кој ќе се забрани абортусот по 15-тата недела од бременоста, што пониските судови го блокираа неговото усвојување. Се очекува конечната пресуда да биде донесена до јуни, 2022-ра.

Дали ќе биде преиначена речиси половина век важечката одлука во случајот „Ро против Вејд“ од 1973-што на жените им дава уставно право на абортус без претерано мешање на владата? Врховниот суд на САД денеска ќе ги слушне аргументите. Досега, највисоката судска инстанца им го гарантира уставното право на жените за прекинување на бременоста меѓу 22 и 24 недели, кога фетусот има мали шанси да преживее, објави Националното радио.

Според НПР, но и како што јавија и другите американски медиуми, законот во Мисисипи забранува абортус по 15-тата недела од бременоста. Оваа сојузна држава бара од Врховниот суд да ги поништи сите претходни одлуки и да го врати прашање за абортусот на гласање во секоја поединечна држава.

Со оглед на конзервативното мнозинство во Врховниот суд, денеска во Вашингтон има бројни демонстранти За и Против абортусот, како и бројно полициско обезбедување.

Претходно и Тексас беше меѓу десетина други главно републикански сојузни држави кои донеле таканаречени закони „за чукање на срцето“, за забрана на процедурата за абортус ако е детектирано срцев импулс на фетусот, што е обично на шестата недела, и понекогаш и пред жената да биде свесна дека е бремена.

Судовите во минатото ги блокираа таквите забрани, велејќи дека не се во согласност со одлуката на Врховниот суд од 1973 „Ро против Вејд“, што на жените им дава уставно право на абортус.

Законот за абортус на Тексас е необичен во смисла на тоа дека на приватни граѓани им дава моќ да го спроведат со тоа што им дозволува да ги судат обезбедувачите на процедурата и секој друг што помага абортус пo шестата недела. Победниците во тие судски постапки ќе добијат најмалку 10.000 долари.

Врховниот суд одби да го блокира Тексас во имплементацијата на новиот закон против абортус во одлука 5-спрема-4 порано месецов, што ги налути поддржувачите на „Ро против Вејд“ вклучително и претседателот Бајден, коишто предупредија дека „комплетни странци имаат моќ да се мешаат во приватни здравствени одлуки со кои се соочуваат жените“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG