Линкови за пристапност

Врховниот суд почнува нов мандат со горливото прашање за ЛГДБ заедницата


Судот е речиси поларизиран по партиски линија долж нацијата и како и сите нас, ќе ја земаме в предвид непредвидливоста од политичката ситуација од администрацијата на Трамп, вели Гарет Епс, професор по право на Универзитетот од Балтимор.

Врховниот суд на САД почнува со работа уште една сезона на разгледување контроверзни случаи кои што можеби ќе добијат завршница во средиштето на политички наелектризирана претседателска кампања.

Предводена од главниот судија Џон Робертс, кој што е невообичаено гласен за заштита на репутацијата на највисоката судска инстанца, деветте судии ќе го избегнуваат окото на јавноста, како што го сторија тоа за време на непријатната атмосфера со потврдувањето на конзервативниот судија Бред Кавана на функцијата.

Со оглед на неколку случаи кои предизвикуваат длабока поделба во општеството, од абортусот до правата на ЛГДБ заедницата, многу одлуки од Врховниот суд според идеолошката поделеност може да бидат искористени за политички цели од претседателските и конгресните кандидати на изборите.

„Веројатно ќе биде грешка да очекувате многу случаи за кои се кршат копјата, по идеолошка основа, да бидат донесени со апсолутно мнозинство. Веројатно одлуката ќе биде 5 наспроти 4 и ќе предизвика дополнителни тензии“. вели Гарет Епс, професор по право на Универзитетот од Балтимор.

„Судот е речиси поларизиран по партиски линија долж нацијата и како и сите нас, ќе ја земаме в предвид непредвидливоста од политичката ситуација од администрацијата на Трамп“, наведува Епс. Тој предвидува „жежок“ октомвриски почеток на мандатот на Судот.

Вообичаено, Врховниот суд разгледува по 70 случаи годишно. Досега, за време на овој период, Судот се согласи да разгледа 56 случаи, вклучувајќи го и абортусот. Веројатно, дополнителни случаи ќе бидат додадени до крајот на мандатот.

Судиите го почна новиот мандат со орални аргументи за три поврзани случаи кои се гледаат како тест како новоконсолидираното мнозинство од пет конзервативни судии ќе се справи со случаите поврзани со ЛГДБ заедницата.

Администрацијата на Трамп укина некои од законите усвоени во времето на Обама за заштита на ЛГДБ заедницата.

Некои поборници за заштита на човековите права се претпазливи оптимисти.

Во ноември, судиите ќе го слушнат оралните аргументи во три случаи со кои се предизвикува легалноста на одлуката на администрацијата на претседателот Трамп за ставање крај на Програмата за одложено пристигнување на деца во САД, позната како ДАКА. Во залог е судбината на околу 800.000 имигранти кои што не се заштитени од депортирање.

За прв пат по повеќе од една деценија, политички поделеното прашање за правото за поседување оружје се враќа во највисоката судска инстанца, во време кога има растечка дебата по бранот масовни убиства во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG