Линкови за пристапност

Се очекува судијката Ејми Барет да биде потврдена во Сенатот за Врховниот суд


Демократите се противеа на номинацијата на Барет и нејзиниот кредибилитет во процесот со сослушувања

Ако биде потврдена, Барет ќе биде трет судија од деветчлениот Врховен суд, што е номинирана од претседателот Трамп во време на неговиот мандат, при што Судот, идеолошки ќе натегне кон конзервативното гледиште - со 6 спрема 3.

Републиканците имаат мнозинство од 53-47 во Сенатот, а само сенаторката Сузан Колинс е единствена Републиканка која индицираше дека нема да гласа за номинацијата за Барет, поради преблискиот тајминг со претседателските избори, следната недела.

Демократите се противеа на номинацијата на Барет и нејзиниот кредибилитет во процесот со сослушувања за пополнување на испразнетото место на починатата либерална икона, судијката Рут Бадер Гинсбург.

„Сенатот ќе постапи, исправно“, најави Мич Меконел, лидер на Републиканците во Сенатот. “Нема да запреме да се бориме“, најави лидерот на малцинските демократи, Чак Шумер.

Сенатот гласаше со 51- 48 во неделата, за да стави крај на филибастерот на Демократите за номинацијата на Барет, со што тече 30 часовната конечна дебата, пред гласањето.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG