Стадионот Мерцедес - бенз во Атланта, сојузната државата Џорџија ќе биде арената за финалето во професионалниот американски фудбал, познат како Супербол, спортски настан број 1 во САД.
Натпреварот се игра в недела во ударен вечерен термин и ќе го гледаат милиони љубители на спортот во САД, но ширум светот.
Спортската арена, која е градена според последниот крик на модерната архитектура, која од отворањето ја посетија над 4 милиони посетители.
Во Суперболот се среќаваат Њу Инглад Патриотс и Лос Анџелес Рамс.
Патриотс се надеват на втора шампионска титула во последните три години. Ова е ќе биде можност и за шеста титула за тренерот Бил Беличек и квотербекот Том Брејди.
Рамс, пак, се како приказна од холивудски филм, на чело со најмладиот тренер во историјата на лигата во едно финале, Шон Меквај. Млади, неискусни.
За фаворите важат Патриотс, за кој, ова ќе биде 11-то финале, или супербол. Само на три тима им успеало да играат во три финалиња по ред. Еден од нив се Патриотс.
Ако му успее на Том Брејди да го освои шампионскиот прстен и годинава, тоа ќе биде негов шести и ќе направи историја. Засега, го држи рекордот со по пет, со Чарлс Хејли.
Квотербекот на Патриотс Том Брејди има 41 година, а на Рамс Џaред Гоф има 24.
Досегашниот рекорд на највозрасен квотербек што победил во финалето е Пејтон Менинг на 39 години.
Тренерот на Патриотс Бил Беличек има 66 години, а Шон Меквај од Рамс има 33. Генерациската разлика од 33 година е рекорд меѓу тренерите во еден супербол.
Facebook Forum