Њу Инглад Патриотс ги поразија Лос Анџелес Рамс со 13-3 во финалето на американскиот фудбал, познат како Супербол, што се играше синоќа во Атланта.
Ова е шеста титула за квотербекот Том Брејди, што е рекорд. 41-годишната ѕвезда, кому ова му беше 19-та сезона во Лигата, ги отфрли шпекулациите дека ќе се повлече од активен спортски живот – „Како може да не бидете мотивиран од ваков амбиент“, рече Брејди и им се заблагодари на илјадници спортски навивачи кои што дојдоа од Бостон во Атланта да им дадат поддршката на Патриотс во финалето.
Титулата најкорисен играч во финалето му припадна на Џулијан Еделман од Њу Ингланд Патриотс.
Суперболот е еден од најгледани телевизиски спорски настани во САД. Познат е по необичните и инвентивни реклами за време на натпреварот, а годинава 30 секунди реклама чинеше повеќе од 5 милиони долари.
На полувремето, ѕвезда на вечерта, беа музичката група Марун 5, а бендот го придружија и раперите Тревис Скот и Биг Бои.
Facebook Forum