Линкови за пристапност

Њу Ингланд патриотс – шампиони во американскиот фудбал


На голем национален настан тимот од Бостон ја освои четвртата титула

Њу Ингланд патриотс ги поразија Сиетл сихокс со 28-24 го финалето на американскиот фудбал – субербол во Феникс, Аризона. Ова е четврта титула за Патриотс во последните 14 години.

Во неизвесен меч до самиот финиш, Маклом Батлер од Патриотс го пресретна додавањето од противничкиот квотербек Расел Вилсон и ја запечати историската победа на тимот од Бостон.

По третпат во неговата кариера, квотербекот на Патриотс Том Брејди беше прогласен за најкорисен играч на натпреварот. Го урна рекордот по бројот на постигнати „тачдауни“ во финале на американскиот фудбал со 13.

Со синоќешната победа, Њу Ингланд Патриотс со легендарниот тренер Бил Беличек и квотербекот Том Брејди, им се придружија на Питсбург стилерс, Сан Франциско 49-ерс и Далас каубојс со по четири освоените шампионати.

XS
SM
MD
LG