Линкови за пристапност

Енергијата, животната средина и односите кон Кина – на врвот од агендата на Самитот САД-Канада-Мексико


„Канада и САД имаат бројни разлики за многу прашања“, рече за Гласот на Америка, професорот по политички прашања на Универзитетот Принс Едвардс Ајланд, Џефри Колинс.

Неколку недели откако олеснувањето на мерките против Ковид -19 овозможија двострано минување на границата меѓу САД и Канада, неделава и канадскиот премиер Џастин Трудо доаѓа во Вашингтон на првиот трилатерален Самит со САД и Мексико од 2016-та.

За канадската делегација, главно прашање на четврточната средба лице в лице со американскиот претседател Џо Бајден ќе бидат иницијативите за заштита на животната средина.

Додека коалицијата во Отава, предводена од Либералната партија на Трудо генерално ги почитува заложбите на Бајден во борбата против климатските промени, канадската економија е погодена од мерките на Бајден за откажување на градењето на нафтоводот Кистоун ИКС-Ел, кој што требаше да обезбеди милијарди долари профит од суровата нафта од западна Канада до рафинериите во Тексас.

„Канада и САД имаат бројни разлики за многу прашања“, рече за Гласот на Америка, професорот по политички прашања на Универзитетот Принс Едвардс Ајланд, Џефри Колинс.

Колинс ги истакна најголемите несогласувања има околу плановите на Бајден за „Купување американски производи“ и „цврстиот пристап кон Кина“, којшто ужива меѓупартиски договор во Вашингтон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG