Маја и нејзиното семејство во моментот се насочени кон производство на органски сокови, а таа е задолжена за продажбата на производите. Таа е позитивен пример, на развој на сопствениот бизнис и во време кога поради пандемијата со Ковид 19, многу бизниси предводени од жени згаснаа.
Со само триесет години, Маја Милошевска од Струга, успешно раководи со семеен бизнис. Се започнало пред десет години, кога на површина од шест хектари почнале да одгледуваат аронија, за да од неодамна го прошират бизнисот и со насади од боровинка. Истите се наоѓаат во близината на селото Враништа, струшко, каде плодната почва, дава резултати.
Почнавме со 17.000 садници на аронија. Со тоа што на почетокот имаше помал род, а како што понатаму се зголемува родот и сега се уште сме на тоа ниво, со тоа што се проширивме со боровницаМилошевска, сопственичка
„Почнавме со 17.000 садници на аронија. Со тоа што на почетокот имаше помал род, а како што понатаму се зголемува родот и сега се уште сме на тоа ниво, со тоа што се проширивме со боровница. Оваа година имавме 17 тони аронија“, вели Маја Милошевска, сопственичка на бизнис за производство на органски производи.
Во моментот се насочени кон производство на органски сокови, а Маја е задолжена за продажбата на производите. Таа е позитивен пример, на развој на сопствениот бизнис и во време кога поради пандемијата со Ковид - 19, многу бизниси предводени од жени згаснаа.
Ковид кризата според статистичките податоци намалила околу 1000 субјекти кои што се раководени од жени.Дисоска, Здружение на бизнис-жени
„Ковид кризата според статистичките податоци намалила околу 1000 субјекти кои што се раководени од жени. Се намалува обемот на работа и речиси е сведен на минимум обемот на работа. И оние компании кои се уште не згаснале, повеќето размислваат како да стигнат до плата, ако не се сувбенциите од државата или евентуално да ја затворат компанијата“, коментира Валентина Дисоска, Здружение на бизнис – жени.
Дисоска вели дека она што ќе биде неопходно во иднина е државна помош за реструктуирање на компаниите или пронаоѓање на нови дејности со кои ќе можат да се занимаваат.
„Бидејќи пазарот нема да остане ист ни после пандемијата. Преструктуирање или учење на нови вештини за развој на бизниси треба да ни бидат следните најприоритетни активности“, заклучува Валентина Дисоска - Здружение на бизнис - жени.
Според бројките на Агенцијата за вработување, во периодот после 11.03.2020 година, односно во периодот на Ковид-19 кризата, без работа останале 9619 жени. Од нив, дури 4617 се на возраст од 30-49 години. Најголемиот број се од преработувачката индустрија и од трговијата на големо и мало.
Но, Маја ништо не ја обесхрабрува. Ниту пандемијата, ниту пак, постојаните предизвици со кои се соочува.
Нас ни е во прилог, тоа што произведуваме здрава храна. Тоа е нашата предност, која ја искористуваме за време на пандемијатаМилошевска, сопственичка
„Нас ни е во прилог, тоа што произведуваме здрава храна. Тоа е нашата предност, која ја искористуваме за време на пандемијата“, вели Маја Милошевска, сопственичка на бизнис за производство на органски производи.
За успех вели е потребно да се направи баланс помеѓу приватниот живот, и она што го работиш. Ја радува што се повеќе жени се одлучуваат да отпочнат некаков бизнис.
„Ако го работиш со љубов, секогаш можеш да најдеш време и да се организираш добро. Особено во земјоделието почнуваат да се ангажираат, со тоа што органското производство станува се популарно и во Македонија“, вели Маја Милошевска, сопственичка на бизнис.
Таа и со порака до сите припаднички на понежниот пол, кои што имаат идеи, а кои се уште се двоумат, да го направат првиот чекор: „Не треба никогаш да се плашиш. Како и да е, мораш да успееш. Ништо не е тешко, ако се сака да се успее.
Се чувствуваш како позитивен пример?
„Па да, можам да кажам дека сум“.
Плановите на оваа млада девојка се да почне да ги освојува странските пазари, иако полека, но, сигурно почнува да извезува во Европа, Австралија и Канада.
Facebook Forum