Линкови за пристапност

САД: Студенти со последните авиони заминуваат дома од универзитетите поради коронавирусот


Многу универзитети почнуваат он-лајн настава до крајот на семестарот

Родители, студенти и универзитетите ширум САД и во странство се во интензивни подготовки во време кога се откажува наставата и се праќаат студентите дома поради пандемијата на вирусот КОВИД-19.


На студентите коишто учат во странство им се сугерира да се вратат дома во САД што е можно побрзо. На некои им се укажува да ги земам со себе лични работи и да ги напуштат студентските соби.

„Сите се во паника“, изјави вработен во престижен Универзитет на Источното крајбрежје кој што сакаше да остане анонимен.

Листата на затворени школи која почна пред три недели сега рапидно се шири, вклучувајќи ги Универзитетот на Калифорнија, Њујорк, Универзитетот Колумбија, Универзитетот Пен Стејт.

Затворањето на кампусите и префрлањето кон настава он-лајн во САД доаѓа кусо време откако универзитетите ги суспендираа нивните програми за студирање во странство во следните три недели, особено во Италија, која е број 2 дестинација за студирање за американски студенти по Британија.


Додека некои студенти избраа да останат во странство, многу родители се обидуваат да ги реорганизираат плановите за летање преку Атлантикот со оглед на откажувањето на меѓународните летови и приземјувањето на авионите од некои авио-компании.

Еден татко на социјалните медиуми пренесе искуство дека ќерка му имала купен билет во еден правец од Париз за САД, но иако била на аеродромот три часа пред полетувањето, не успеала да се качи во авионот поради, како што ги опиша, хаотичните сцени на аеродромот.

Родители на он-лајн групи негодуваат дека некои студенти се враќале во САД без да бидат скенирани од здравствени лица за зголемена температура или други симптоми. Тие ги посочија аеродромите Џон Кенеди, О Хеар, Логан, и другите поголеми аеродроми во Њујорк, Чикаго и Бостон.

Вчера студент на Американскиот универзитет во Вашингтон бил тестиран позитивен на КОВИД-19.

„Студентот се наоѓа во самоизолација во студентска соба во кампусот, каде има посебен тоалет и купатило, и е изолиран од другите лица во објектот. Храната и основните намирниците продолжува да му се доставуваат“, се вели во соопштението од Универзитетот.

Изминатите четири недели, неколку студенти во САД беа тестирани позитивни на КОВИД-19. Многу студенти за време на зимскиот распуст се вратија во САД од Кина во јануари.

Стапката на смртност меѓу младите луѓе е пониска отколку кај лицата над 80 години, според Светската здравствена организација и американскиот Центар за контрола на болести.

Тие предупредуваат дека заболениот може да ја рашири заразата, со или без симптоми, во следните 14 дена откако го добил коронавирусот.

Минатата недела, Американскиот Универзитет во Вашингтон објави сите студенти да го напуштат „кампусот од 23-ти март и да се вратат на перманентните адреси до крајот на семестарот“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG