Линкови за пристапност

Левчев: Македонија е република на поезијата и поетите


Левчев: Македонија е република на поезијата и поетите
Левчев: Македонија е република на поезијата и поетите

Наградата „Златен венец“ според мене е најголемата награда за поезија во целиот свет, истакна Левчев

„Не знам дали има друга држава на светот која толку многу им се оддолжува на своите поети. Затоа искрено и отворено ја нареков Република Македонија - Република на поезијата и поетите“, порача од Струга лауреатот на овогодинешните Струшки вечери на поезијата, бугарскиот поет Љубомир Левчев.

Наградата „Златен венец“ според мене е најголемата награда за поезија во целиот свет, истакна Левчев:

„Јас никогаш и никаде не сум се запишал како поет. Јас сум публицист и новинар. Во животот сум работел многу работи, но во основа живеам од публицистичката работа. Тука сум секако како поет. Мојата мечта во моментов е да седам на брегот на реката Дрим и да се сретнам со македонските писатели. Наградата `Златен венец` според мене е најголемата награда во светот за поезија“, рече Левчев.

Тој е носител на 17 национални и меѓународни награди за поезија речиси на сите континенти. Меѓународната поетска афирмација на Левчев почнала токму во Македонија. Неговата песна „Затворениците слушаат музика“ во превод на Гане Тодоровски била објавена во книжевниот весник „Разгледи“.

Ова е држава на поезијата и поетите, рече Левчев:

„Не знам дали има друга држава на светот која толку многу им се оддолжува на своите поети. Поетите кои го дале своето срце и своето творештво очигледно добиле многу од својата татковина. Затоа искрено и отворено ја нареков Република Македонија, Република на поезијата и поетите. Ќе кажам само три збора од мостовите на Струга - Благодарам Македонијо, благодарам Струга, благодарам Дриме“, рече Левчев.

49-те Струшки вечери на поезијата започнуваат вечерва со поетската манифестација „Меридијани".

Оваа година учество ќе земат шеесетина поети од сите континенти и педесетина домашни автори.

Годинава Фестивалот ќе се осовремени со нови содржини - мешање на жанровите поезија, музика и сликарство и настап на музичари од Израел, Шпанија, Италија, Србија, кои ќе изведуваат поезија.

Во рамките на светската поетска манифестација ќе бидат одбележани и 200 години од раѓањето на браќата Димитар и Константин Миладинови, а ќе се одржи и беседа по повод смртта на тројца поети, меѓу кои и на академикот Гане Тодороски, основачот на СВП.

XS
SM
MD
LG