Собарката која го обвини поранешниот шеф на ММФ Доминик Штраус-Кан за сексуално напаствување поднесе граѓанска тужба против него за „насилен и садистички напад“ кој се случил во луксузна хотелска соба во мај.
Во обвинението, Нафисатоу Диало го обвини Штраус-Кан дека со намера, бритално и насилно ја нападнал сексуално и во актот ја понижил, деградирал и и` го одзел достоинството како жена. Таа бара отштета во износ што не е објавен.
Обвинителството објави дека нејзината кредибилност е дискутабилна. Штраус-Кан ги негира обвиненијата.