Линкови за пристапност

Дипломатски штрајк во Македонија


Macedonian diplomats strike 1
Macedonian diplomats strike 1

Синдикатот протестира барајќи враќање на дигнитетот на дипломатијата

Симболично во 12:05 часот, денес Синдикатот на македонската дипломатија пред Министерството за надворешни работи во Скопје, под мотото „Доста е!“, организираше предупредувачки протест поради напластените проблеми кои со години го уриваат рејтингот на македонската дипломатија. Барајќи враќање на дигнитетот на дипломатската служба која, според нив, е сé попартизирана, членовите на Синдикатот се заложија за репрофесионализација, со која би се намалил бројот на проблеми и скандали кои ги одбележија последните години.

Денешниот протест на дипломатите е преседан во 53-годишното постоење на дипломатската служба, но професионалците во службата, донеле одлука за ваков вид на искажување на незадоволството, поради односот на челниците на Министерството за надворешни работи, кои не реагирале на барањата на ИО на Синдикатот за дијалог

Според Синдикатот во МНР владее хаос, а во дипломатско-конзуларните претставништва во странство се случуваат бројни нерегуларности, поради што бараат итно ставање во мирување на сите измени на постојниот Закон за надворешни работи од 2008 година и враќање на оригиналниот текст од 2006 година, повлекување на Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор донесени во 2014 и враќање на Законот за државни службеници од 2000 година, како и итно воспоставување на дијалог со надлежните од МНР.

Доколку нивните барања не бидат прифатени, најавуваат и порадикален пристап.

XS
SM
MD
LG