Линкови за пристапност

Голема бура долж крајбрежјето и натаму закана за Олимпијадата во Токио


A policeman holds onto his hat because of strong wind gusts caused by a tropical storm Nepartak in front of the Japan Olympic Museum in Tokyo
A policeman holds onto his hat because of strong wind gusts caused by a tropical storm Nepartak in front of the Japan Olympic Museum in Tokyo

Токио се очекува да прими 34 милиметри дожд во следните 24 часа од тропската бура Непартак

Голема бура долж источното крајбрежје и натаму е закана за Олимпијадата во Токио, иако се уште не го има зафатено градот со опустошувачки ветришта и пороен дожд.

Силниот ветер и дождот го одложи почетокот на триатлонот во женска конкуренција утринава, но тоа не ја спречи Флора Дафи од Бермуда да го освои првиот Олимписки златен медал.

Топлото и нестабилно лето со промени во временската прогноза е константна загриженост за Игрите, надополнето со тешкотиите да се одржуваат Игрите во вонредна состојба со пандемијата со Ковид-19.

Токио се очекува да прими 34 милиметри дожд во следните 24 часа од тропската бура Непартак, според јапонската метеоролошка бура. Во моментов се движи кон Сендаи, 370 километри од Токио.

Олимпијците добија олеснување од горештините поради бурата. Денешната температура е 30 степени, што е пад од 25 степени неколку дена претходно.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG