Линкови за пристапност

Обединување на земјата – главна цел на новоизбраниот претседател


Обединување на земјата – главна цел на новоизбраниот претседател
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:56 0:00

Стево Пендаровски најверојатно в недела ќе стапи на должност и нагласува дека приоритет ќе му биде и зачленувањето на земјата во Унијата

Обединување на земјата - тоа ќе биде една од главните цели на избраниот претседател. Во првото обраќање пред амбасадорите на ЕУ по повод Денот на Европа, Стево Пендаровски кој најверојатно в недела ќе стапи на должност, e јасен дека зачленувањето на земјата во Унијата ќе биде негов приоритет – точка што беше составен дел од изборната кампања.

„Мојата главна цел како претседател во наредните пет години ќе биде да се обидам заедно со други, со оваа, но и со други идни влади да ја исполниме целта и да станеме членки на ЕУ и НАТО. На прво место би сакал да бидам обединувач на земјата која во минатото беше многу поделена. На тоа ќе работам од првиот ден на мандатот со опозицијата, со невладините, со медиумите, со експертите со сите кои на ум ја имаат европската цел и еден ден да бидеме полноправни членки на ЕУ и НАТО и на крајот да се чувствуваме како вистински Европејци“, рече Пендаровски.

Вицепремиерот за евроинтеграции Османи од амбасадорите побара Македонија да го добие заслуженото. Рече дека земјата го испорачала тоа што го ветила преземајќи тешки одлуки и компромиси.

„Со големи чекори се приближивме кон Унијата и сега очекуваме Унијата нам да ни се доближи со одлука за старт на пристапни преговори во јуни“, рече Османи.

Европската комисија притиска за датум и за Македонија и за Албанија, но одлуката треба да ја донесат земјите-членки. При нивниот избор ќе се водат од низа фактори меѓу кои еден од клучните, покрај завршувањето на домашните работи на кандидатките, е исходот од претстојните европски избори.​

XS
SM
MD
LG