Се разговарало за пандемијата и како НАТО се справи со неа, за ситуацијата на Западен Балкан и важноста на стабилноста на регионот, за традиционалните и новите закани за Алијансата, за заострените односи со Русија, за подемот на Кина. Пендаровски, кој првпат во ова својство е во новото НАТО-седиште, му пренел на својот домаќин Генералниот секретар Столтенберг дека Северна Македонија ќе ја исполнува својата задача како 30-та членка на Сојузот.
Како НАТО членка активно ќе одговараме на традиционалните и на новите закани и тоа ќе го правиме барем на 3 начини – ќе инвестираме во одбраната, во моментот за одбраната одделуваме 1,57% од БДП, а посветени сме до 2024 да дојдеме до 2%.Пендаровски, претседател на Северна Македонија
„Како НАТО членка активно ќе одговараме на традиционалните и на новите закани и тоа ќе го правиме барем на 3 начини – ќе инвестираме во одбраната, во моментот за одбраната одделуваме 1,57% од БДП, а посветени сме до 2024 да дојдеме до 2%. Потоа, ќе продолжиме со реформите во одбраната – НАТО ни помага во зајакнувањето на отпорноста на одбранбениот систем, особено во ситуации во кои се вклучени трети страни и форми на хибридни закани... Ќе продолжиме со заедничко извезување безбедност преку учество во НАТО-мисии.“, изјави Стево Пендаровски, претседател на Северна Македонија.
Според Столтенберг, во изминатата година земјава се покажала како доверлив сојузник и се потврдило дека нејзиниот прием е значаен за Алијансата. Повика двата сојузника – Бугарија и Северна Македонија да ги надминат разликите поради кои се блокирани евроинтеграциите. Двајцата предупредија на опасноста што ја носат разни нон пејпери кои циркулираат низ Брисел во кои се предлага прекројување на границите на Балканот. Првиот човек на НАТО очекува дека на претстојниот Самит ќе се утврдат насоките на идното функционирање на Алијансата.
Треба да го зајакнеме нашето единство, да го прошириме пристапот кон безбедноста и заедно да ги зачуваме правилата на меѓународниот поредок.Столтенберг, генерален секретар на НАТО
„Треба да го зајакнеме нашето единство, да го прошириме пристапот кон безбедноста и заедно да ги зачуваме правилата на меѓународниот поредок. Ова е важно кога гледаме предизвици и закани од многу насоки“, оцени Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.
Во насока на справување со новите предизвици, Македонија како најнова членка на НАТО, се подготвува за„ Одлучен удар 21“ најголема воена вежба што ќе се одржи во земјава.
„Од Криволак создаваме полигон кој нема да има само македонска и регионална вредност, туку ќе биде вредност и шанса за Алијансата.“, изјави Радмила Шекеринска, министерка за одбрана.
„Имавме шанса да видиме извонредни проекти и одличен напредок и за помалку од еден месец американски војници тука ќе вежбаат заедно со македонски и со единици од другите членки на НАТО во една многу важна вежба за целиот регион.“, оцени Кејт Брнс, амбасадорка на САД во Скопје.
На „Криволак“ во завршна фаза е изградба на полетно–слетна патека за беспилотни летала, магацин за складирање мети, две стрелиште за оклопни транспортери, поправка и изградба на нова патна инфраструктура...
Facebook Forum