Линкови за пристапност

Пендаровски: „Македонија 2025“ е позитивен пример за придонесот на македонските иселеници во економскиот и демократски развој


На средбата станало збор за идните планови на организацијата, како и за програмите за стипендирање

Претседателот Стево Пендаровски, за време на посетата на САД по повод неговото учество на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк оствари средба со претставници на организацијата „Македонија2025“.

На средбата, претставниците на „Македонија 2025“ го информираа Претседателот за досегашните активности и приоритети во контекст на нивното делување во Њујорк и на американскиот континент во целина.

Пендаровски истакна дека „Македонија 2025“ е позитивен пример за придонесот на македонските иселеници во економскиот и демократски развој на Северна Македонија и ја изрази својата поддршка за нивната работа.

Оддавајќи признание за досегашните вложени напори, претседателот Пендаровски ги охрабри претставниците на „Македонија 2025“ за нивен засилен ангажман преку кои се искажува и волјата и решеноста на македонската дијаспора активно да се вклучи во градењето на иднината на Северна Македонија.

На средбата станало збор за идните планови на организацијата, како и за програмите за стипендирање и други проекти преку кои активно се градат лидерски вештини кај младите и се поддржува нивниот талент.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски се заблагодари за вклученоста на „Македонија 2025“ како партнери и поддржувачи на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG