Линкови за пристапност

Сè што сте сакале да знаете за обраќањето на претседателот на САД за состојбата на унијата 


Мора ли да има обраќање на претседателот за состојбата на унијата?

Да. Тоа го предвидува Уставот на САД.

Кога?

„Oд време на време“ - предвиделе основачките татковци

Кога ќе биде наредното обраќање на претседателот Трамп?

Не се знае. Закажано беше за 29-ти јануари, но заради затворањето на владата е одложено.

Зошто претседателот се обраќа на почетокот на годината?

Со ратификацијата на дваесеттиот амандман, од 1933 година одредено е првата сесија на новиот состав на Конгресот да се одржува во јануари, наместо во март. Од тогаш станало вообичаено обраќањето на претседателот да биде во првите два месеци од годината.

Треба ли претседателот да биде поканет да се обрати пред Конгресот?

Да. Претставничкиот дом и Сенатот треба да донесат заедничка резолуција што во основа е официјална покана за претседателот да го одржи обраќањето.

Спикерката на Претставничкиот дом го покани претседателот. Во што е проблемот?

Пелоси во средата практично ја повлече поканата. Рече дека нема да дозволи гласање за таква резолуција, додека владата е затворена.

Има ли рок за обраќањето на претседателот до нацијата?

Нема.

Мора ли обраќањето да се одржи во Претставничкиот дом?

Не. Во Филаделфија, пред Вашингтон да стане главен град на САД, годишното обраќање вообичаено се одржувало во Сенатот. Денес се смета дека сенатската сала е премногу мала.

Може ли претседателот да ја изнесе состојбата на унијата во писмена форма?

До 1913 година било така. Томас Џеферсон ја почнал таа пракса во 1801 година доставувајќи го документот до двата дома на Конгресот.

Кој ја прекршил таа пракса?

Претседателот Вудроу Вилсон. Во 1913 се обратил пред членовите на двата дома на Конгресот. Во истата прилика, тој за прв пат додал и елементи на промоција на неговата политичка агенда. До тогаш обраќањето било претежно административно.

И оттогаш останало така?

Не. Има исклучоци. Заради здравствени причини или заради рокови поврзани со мандатот.

Некој пример за тоа?

Џими Картер во 1981 обраќањето го доставил во писмена форма, четири дена пред Роналд Реган да даде заклетва како нов претседател.

Дали некогаш претседателот бил одбиен?

Да. Во 1986 година, спикерот од редовите на демократите, Тип О’Нил, не му дозволи на Реган да се обрати додека не помине гласањето за одобрување помош за бунтовничките сили во Никарагва. Реган на крајот имал обраќање на телевизијата, пренесувано само од CNN.

XS
SM
MD
LG