Линкови за пристапност

Претседателот Трамп: Ова е новиот американски момент


Прво годишно обраќање на претседателот Трамп
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:09 0:00

Прво годишно обраќање на претседателот Трамп

Годишното обраќање во Конгресот за состојбата во нацијата

Во еден од најголемите политички настани во годината, 45-от американски претседател Доналд Трамп во првото обраќање во Конгресот за состојбата во нацијата, ја потенцираше силната економија и повика на меѓупартиски договор за горливото имиграционо прашање.

Како и што се очекуваше, поентираше на лично конто за заживеаната домашна економија, бумот на берзите, ниската стапка на невработеност, и ги повика законодавците да го одобрат неговиот инфраструктурен план во висина од трилион долари. „Заедно градиме безбедна, силна и горда Америка“, најави првиот човек на САД во ударен вечерен термин во обраќање пред двата дома на Конгресот, пренесуван во живо на сите кабловски телевизии.

Главниот акцент го насочи на најголемите даночни кратења и реформи во американската историја, од коишто, според него, најголема корист имаат средната класа и малите бизниси ширум САД. „Нема подобро време да се почне да се живее американскиот сон“, рече претседателот Трамп, бидејќи Американците ја сакаат својата држава, и затоа заслужуваат нивната влада да им покаже иста љубов и лојалност за возврат, потенцираше тој.

Во обраќањето тој додаде дека Америка свртила страница од децении нефер трговски меѓународни договори кои се одразиле врз просперитетот на американскиот работник, работните места и економската моќ на нацијата.

Трамп побара од обете партии да гласаат за изградба на модерна инфраструктура, која и` е потреба на економијата. Повика на отворена соработка со двете партии, демократите и републиканците, за јакнење на изградбата на на Америка дома, и враќање на имиџот во странство.

Осврнувајќи се на предизвиците и достигнувањата на надворешно-политички план, американскиот претседател истакна дека по една година на функција, со гордост може да каже дека коалиционите сили ја поразиле Исламската држава на речиси 100 проценти од нивната територија. „Ќе продолжиме до целосно искоренување на ИСИЛ“, најави тој.

Ја истакна Северна Кореја како најголем закана по САД: „Ќе продолжиме со кампањата за зголемување на притисокот врз режимот во Пјонгјанг да запре со развивање нуклеарно оружје“, изјави Трамп и најави дека нема да ја повтори грешката од претходните администрации да се најдат во неизвесна позиција.

Согласно традицијата, демократите, овојпат како малцинска партија, одговорија на обраќањето на претседателот Трамп. Годинава, таа привилегија ја имаше 37-годишниот конгресмен од Масачусетс, Џо Кенеди со политичката кариера во подем, внук на претседателот Роберт Кенеди, член на едно од најстарите политички семејства во Америка. Вообичаено, одговорот на обраќањето на претседателот го дава законодавец, кој важи за растечка ѕвезда во партијата, која е во опозиција.

„Од актот за здравствена заштита, до економските, граѓанските слободи и права, демократската агенда стои како моќна спротивност на неисполнетите ветувања на претседателот Трамп до американскиот народ“, оцени Кенеди, во одговорот на годишното обраќање на претседателот Трамп во Конгресот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG