Линкови за пристапност

Стејт департментот призна за грешките за Бенгази


Официјални американски претставници потфрлиле во „спојувањето на точките“ пред нападот

Стејт Департментот призна биле направени гршки пред нападот на 11 септември на мисијата на САД во Бенгази кога беше убиен амбасадорот во Либија Кристофер Стивенс и тројца други Американци.

Заменик државниот секретар Томас Најдс сведочеше на распит во Сенатот и призна дека американските официјални претставници потфрлиле во „спојувањето на точките“ пред нападот.

Најдс забележа дека одделот веќе ги превел 29-те препораки на телото што го истражуваше нападот во „60 специфични точки на акција“.

Распитот доаѓа по извештајот на независното тело формирано токму за оваа намена, каде беше заклучено дека обезбедувањето на американската мисија во Бенгази била „тотално неадекватна“ во време на нападот.

Амбасадорот Стивенс беше првиот амбасадор на САД убиен на должност од 1988 година.
XS
SM
MD
LG