Линкови за пристапност

САД бараат Грција да го лоцира Христодулос Ксирос и да го врати во затвор

  • Ведран Андоновски

Осудениот за убиство член на терористичката организација „17 Ноември“ исчезнал откако бил пуштен од затвор за новогодишните празници

САД се длабоко згарижени што осудениот терорист Христодулос Ксирос, централен член на терористичката организација „17 Ноември“, која има убиено пет членови на американската дипломатска мисија во Грција, исчезнал откако бил привремено пуштен од затвор каде служел шест последователни казни доживотен затвор за убиство.

На синоќешниот редовен брифинг во Стејт департментот, портпаролката Џен Псаки кажа дека американски владини лица се во контакт со грчките колеги во врска со случајот.

„Ја повикуваме грчката влада да го лоцира Ксирос и да го врати во затвор. САД и Грција се партнери во борбата против тероризмот во сите негови форми и ние тесно соработуваме со грчките власти во спротистувањето на оние кои користат насилство за да ги остварат своите цели“, изјави Псаки.

Таа не сакаше да елаборира на потпрашањето зошто САД се уште ја држат „17 Ноември“ на листата на терористички организации, кога грчката влада вели дека таа е растурена. Портпаролката упати на грчката влада за повеќе информации.

56-годишниот Ксирос бил привремено пуштен од затвор во Атина за новогодишните празници, но не се вратил во закажаниот рок. „17 Ноември“ се товари за убиство на 23 лица во периодот од 1975-та до 2000-та.
XS
SM
MD
LG