Линкови за пристапност

Владислав Илиќ, Македонец од Куманово; хит со стенд aп настапи во Лондон


Владислав Илиќ, хит со стенд настапи
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:39 0:00

Владислав или Влади Илиќ, како што е неговото уметничко име, веќе четири години ги забавува студените по природа Англичани, со своите стенд настапи. Во 2017-та се преселува во Лондон, каде гради успешна кариера.

Нов глас на лондонската комична сцена. Вака во англиската метропола, го нарекуваат, Македонецот од Куманово, кој веќе четири години ги забавува, Англичаните, со своите стенд ап - настапи. На почетокот, настапувал во помали клубови, каде за време на т.н отворена вечер на комедија, секој аматер, има можност да се претстави со пет минутен стенд ап - материјал. Сега веќе има свои настапи и на Би-Би-Си.

„После две години, успеав да победам на еден натпревар. Судиите од тој натпревар беа продуцентите од Би-Би-Си, кои ме видоа и понатаму следната година ме повикаа да учествувам кај нив, на телевизија. Она што од Би-Би-Си, ми го рекоа е дека не виделе нешто вакво, во смисла некој од таа географска одредница, од Македонија, бидејќи многумина немаа слушнато за земјава и тоа за нив беше ново. И беше ново, перспективата на која ние, Балканците и Македонците, гледаме на светот, гледаме на Западот, и на Англија“, оцени Владислав Илиќ, стенд ап комичар.

Илиќ веќе е препознатливо лице кај тамошната публика. Има три до четири редовни настапи неделно, а освен во Лондон, патува и во други делови на Велика Британија. Посебно внимание предизвика еден негов настап,во кој на интересен начин го прикжа македонско-грчкиот спор за името. Неговиот хумор се состои и во коментари и критики за општествените проблеми и секојдневни шеги за животот.

„Сакав повеќе да ја доближам нашата култура и хумор до нив. И тоа беше идејата со спорот со Грција, бидејки многумина ме прашуваа, што е тоа, гледав ,читав нешто. Затоа реков штом прашуваат мора да го објаснам тоа на настапот“, Владислав Илиќ, стенд ап - комичар.

За Англичаните, вели дека најмногу сакаат црн хумор, но и хумор, полн со иронија и сарказам. Го прашавме кого е полесно да насмее, студените Англичани или топлите Македонци.

„Англичаните потешко е да ги насмееш. Со Македонците мислам дека е полесно бидејќи сме топли како народ. Македонците побргу те прифаќаат, додека Англичаните малку на почеток се студени. Но кога ќе навлезат мислам дека тука сме некаде. Имам публика која ме прати по социјалните мрежи и доаѓа на настапи. Имам и многу Италијани, Бразилци кои доаѓаат на моето шоу. Имавме еднаш и еден настап, стенд ап комичари, јас, еден Бугарин и Грк“, вели Влад.

Има повеќе од 350 настапи досега. Добитник е и на четири награди.

Но неговиот пат до Лондон каде на почетокот работел и како парт тајм келнер, не бил толку лесен. Од родното Куманово, најпрво заминува за Малта, каде што студирал театар. Последната година пред да дипломира го имал својот прв стенд ап настап во главниот град на Малта, Ла Валета.

„Од моментот кога се качив на сцена,почуствував нешто многу силно и од тогаш го следам тоа чувство и тоа ме донесе во Лондон. Зборувавме со мојата девојка која е од Малта дали да патуваме некаде каде што можам да работам повеќе на стед ап и таа да ја усовршува глумата. И така се спакувавме, меѓу нас имавме некои пари за еден месец ќирија. И почетокот беше како и секој почеток, тежок, незнаеш никој, наоѓаш било каква работа, само за да почне да се движи топката“, вели Владислав Илиќ, стенд ап, комичар.

Илиќ летово го заокружи со настап во Охрид и уште низ неколку македонски градови. Се надева дека ова е почеток на една поголема балканска турнеја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG