Линкови за пристапност

Предупредување за нови напади во верски објекти во Шри Ланка


„Бидете будни и внимателни и избегнувајте поголеми собири“, објави амбасадата на САД преку нејзиниот Твитер.

Американската амбасада во Коломбо ги советуваше граѓаните да избегнат верски обреди во Шри Ланка викендов, цитирајќи тамошни извештаи дека се планирани дополнителни напади.

„Бидете будни и внимателни и избегнувајте поголеми собири“, објави амбасадата на САД преку нејзиниот Твитер.

Предупредувањето доаѓа неколку дена по смртоносните напади во цркви и хотели за време прaзнувањето на католички Велигден кога бомбаши –самоубијци убија повеќе од 250 луѓе.

Безбедносните мерки и натаму се на повисоко ниво околу Храмот Сент Ентони, каде се случија од најсмртоносните напади.

Властите ги советуваа и Муслиманите да се молат по домовите и да избегнуваат масовни молитви по џамии.

„Денес е петок, ден за петочните молитви. Сите се уплашени. И Хинди, и Муслиманите и Христијаните“, вели еден локален жител.

Официјални лица од Шри Ланка посочија дека главниот планер на нападите Захран Хашим бил убиен во нападот во Шангри Ла.

Првиот полицаец на Шри Ланка поднесе оставка поради безбедносните пропусти.

Исламската држава ја презема одговорноста за бомбашките напади.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG